Почетна 2017-06-12T00:56:51+00:00

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ: Развој на национална студија за води

Генерална/општа цел

Да се заштити животната средина од негативните влијанија на урбаните отпадни води, преку нивно собирање и пречистување пред да бидат испуштени, да се обезбеди снабдување со безбедна вода за пиење и да се зголемат управувачките капацитети во секторот води.

Цел

Развој на национална студија за води, односно пакет на инструменти за иден развој на одржливи инвестициски проекти во секторот води, со цел да се имплементираат барањата на Директивата за третман на урбаните отпадни води и Директивата за вода за пиење.